Бесплатен веб-сајт за новите компании

SHARE

Македонскиот веб-сајт креатор Вебстриан започнува програма за поддршка на бизнис-заедницата преку која новоотворените компании ќе може да добијат бесплатен веб-сајт, со вклучено хостирање и без трошоци за користење или одржување во првата година.

„Денес кога нешто нѐ интересира – информација за некоја компанија, нивните производи или услуги, првото нешто што го правиме е да го пребараме на интернет. Веб-сајтот е лицето на една компанија и преку него таа го остава првиот впечаток пред своите соработници или клиенти. Веруваме дека модерен и професионален веб-сајт ќе им помогне на новоотворените компании да имаат поуспешен старт во бизнисот“– ни изјавија од Икс Софт, компанијата кој стои зад платформата Вебстриан.

SHARE