Ербас ќе го тестира својот прототип на летечко такси

SHARE

Групацијата Ербас, деновиве најави дека планира да го тестира својот прототип на самостојно воздушно такси за еден патник до крајот на 2017 година, пишува Ројтерс. Авијацискиот гигант го гледа воздушното такси како нареден логичен чекор во урбаниот транспорт, и се надева дека во крајна линија ќе се развие мрежа на овие возила, кои ќе можат да бидат повикани преку апликација, по примерот на веќе постоечкиот сервис Убер.

Финалниот производ за, т.н. возила со вертикално полетување и приземјување (vertical take-off and landing (VTOL)), би користел неколку нагибни ротори за да се постигне можност за полетување и слетување како хеликоптер, а летањето во правец да биде како со класичен авион со пропелерски перки. Иако деталите не се познати, веројатно е дека првиот прототип на ова возило ќе користи четири ротори и повеќе ќе наликува на дрон квадрикоптер, отколку на авионско летало.

SHARE