И Крајслер обвинет за фалсификување на количината на издувните гасови

SHARE

Американската федерална агенција за животна средина (ЕПА) го обвини американско – италијанскиот коцерн Фиат Крајслер дека во моделите Џип Чероки и пик – ап автомобилите произведени помеѓу 2014 и 2016 година, инсталирал програми кои ги искривуваат резултатите од еколошките тестови и ги прикажуваат како еколошки прифатливи.

Се работи за повеќе од 100.000 дизел примероци кои создале многу повеќе издувни гасови отколку што било прикажано. Станува збор за истиот трик кој што го користеше германскиот Фолксфаген.

SHARE