Инвестирање во нов вид на соларна ќелија

SHARE

Тим на научници и истражувачи ќе инвестираат во сосема нов вид на фотоволтажна соларна ќелија. Со овој нов метод инфрацрвена радијација ќе се претвора во електрична енергија преку користење на различен механизам од досегашните соларни панели. Новиот механизам ќе се базира на таканаречени надразнувања на електрони и вибрации на кристалните решетки. Според истражувачите досегашниот метод на добивање на електрична енергија од соларни панели, може лесно да доведе до несакани загуби на енергијата или недоволно искористување на истата. Додека со овој нов метод, под вистинските околности може значително да се подобри искористеноста на сончевата енергија.

Новите соларни ќелии, кои сеуште се во фаза на истражување, треба да бидат изладени до температура од минус 35 целзиусови степени со цел да се постигне саканиот ефект. Но за да може овие ќелии да се користат во секојдневниот живот, научниците и истражувачите ќе мора значително да ја намалат оваа температурна граница. Моментално се работи на модифицирање и оптимизирање на матерјалот со цел прилагодување на истиот за повисоки температури.

прочитајте повеќе на…
SHARE