Мадрид ќе забранува автомобили во центарот на градот, што предлагате за Скопје ?

SHARE

Градоначалничката на Мадрид, Мануала Кармена сериозно размислува да ги тргне приватните автомобили од центарот на главниот град на Шпанија, објави „Индипендент“.

Кармена на 5 ноември на радио-емисија потврди дека главната авенија на Мадрид, Гран Виа, единствено ќе овозможува пристап за велосипеди, автобуси и такси-возила, пред таа да ја напушти функцијата во мај 2019 година. Градоначалничката рече дека намерата е Гран Виа да ја направи поприфатлива за пешаците, а овој подвиг е дел од поголемиот план за забрана на сите дизел возила во Мадрид до 2025 година.

SHARE