Македонската мобилна апликација која ќе ви помогне да положите возачки испит

SHARE

Досега, подготовката на тестови за возачка дозвола, подразбираше многу листови, или куп слики од интернет. Сега со оваа апликација имате се што е потребно, на едно место и на вашиот мобилен телефон.

Станува збор за офлајн апликација, која ви дава пристап до прашањата и одговорите во секое време, на секое место каде и да сте.

Тестови за Возачка Дозвола ги има официјалните прашања од Министерството за Внатрешни Работи кои што се наменети за полагање на теоретскиот дел за возачка дозвола.

За уште подобро да се подготвите за Вашиот нареден тест апликацијата вклучува:
– алгоритам за учење
– статистика
– анализа
– сите прашања за сите категории ( А, А1, Б, Д , Д1, М, Ф, Г, Ц, Ц1)

Оваа апликација е едниствената од овој тип на македонскиот пазар.
Да ги поддржиме и мотивираме македонските програмери, за да видиме што повеќе вакви производи.

Линк до апликацијата на Playstore
SHARE