Откриена причината за проблемите со Samsung Galaxy Note 7

SHARE

Во текот на официјалата истрага на Самсунг за тоа што ги предизвика проблемите кај паметниот телефон Galaxy Note 7, откриено е дека тоа се случило поради погрешна големина на батеријата и грешки во производството, пишува The Wall Street Journal.

Компанијата информираше дека денес ќе објави официјално соопштение, но WSJ ги објави резултатите од истрагата порано. Самсунг ангажираше три независни фирми за да ја анализираат контролата на квалитетот и синџирот на снабдување, откако утврдиле дека има два проблеми.

Првиот проблем е батеријата, кој е произведен од Samsung SDI. Овие батерии не се вклопуваат правилно во паметен телефон, што доведе до прегревање, а во некои случаи и до палење и експлозија.

прочитајте повеќе на…
SHARE