SHARE

Пустината Сахара е последното место на кое би очекувале да има снег, со оглед на тоа дека претставува едно од најсувите и најтоплите региони во светот со просечна температура од 30 степени Целзиусови.

Но, во близина на малиот пустински град Аин Сефра, кој се наоѓа во северозападниот дел на Алжир, на околу 350 километри од Средоземното Море, вчера (20 декември 2016 година) црвено песочните дини се обоија бели, како неверојатен крај за оваа навистина неверојатна година исполнета со многу природни феномени.

SHARE