За прв пат – снимен неверојатно редок вид на морско змејче

SHARE

Еден вид на морска риба која досега беше позната само од примероците во музеите, за прв пат е снимена во водите на Западна Австралија.

Се работи за црвеното морско змејче или „Phyllopteryx dewysea“ кое припаѓа на фамилијата „ Syngnathidae“, каде што исто така припаѓаат и морските коњчиња.

Истражувачите од Универзитетот во Западна Австралија, Западно-австралискиот музеј и Институтот за океанографија со помош на мини далечински управувано возило набљудувале две единки во период од речиси 30 минути, при што откриле нови детали за нивната анатомија, живеалиште и однесување.

прочитајте повеќе на…
SHARE