НАУКА.мк
  • Универзум
  • Жив свет
  • Теми
  • Историја и археологија
  • Медицина
  • Новости
  • Општество
  • Технологија
  • Blockchain
  • IT Свет
No Result
View All Result
  • Универзум
  • Жив свет
  • Теми
  • Историја и археологија
  • Медицина
  • Новости
  • Општество
  • Технологија
  • Blockchain
  • IT Свет
No Result
View All Result
НАУКА.мк
No Result
View All Result
Home Теми

Сторија за МАКЕДОНСКИОТ РУБИН (Прв дел)

Dr. Quantum by Dr. Quantum
November 20, 2021
in Теми
0
Сторија за МАКЕДОНСКИОТ РУБИН (Прв дел)
0
Споделувања
38
Прегледи
Share on FacebookShare on Twitter

Со векови наназад древните цивилизации верувале во моќта на скапоцените камења. Култот кон нив се одржувал со илјадници години и постојано се пренесувал на поколенијата.

Племенските старешини и владетелите биле убедени дека моќта и опстанокот  на империјата се во директна врска со постоењето на природните кристални форми пронајдени во пештерите или во речните корита.

Низ вековите верувањата се менувале, но традицијата продолжила до денес.

Кинезите со гордост зборуваат за минералот жад, кој е карактеристичен за нивното поднебје, а во Австралија гласно се промовира скапоцениот опал, кого го почитувале и древните Абориџини.

Со текот на вековите догмата се претворила во современа културна традиција, а скапоцените камења во незаменливо национално богатство.

Во Македонија, тоа е уникатниот рубин. Ова е сторија за него.

„Еден од најдобрите елементи за промоција на една земја е кога се нуди нешто што го нема во ниедна друга земја. Нешто што е од ендемичен карактер. Особено во светот на минералите, оти ако се работи за некаква сорта на растение, на овошен вид или на некој животински вид, тогаш, со текот на светската трговија, тој вид може да се пренесе и во други земји, ако е интересен, но, во однос на минералите, тие се нешто како маркер за една територија или за една земја“, вели Деан Шкартов, промотор на Македонскиот Рубин.

Државите кои можат да се гордеат со свои наоѓалишта на скапоцени камења се малку. На европскиот континент речиси и да не постои земја во која има регистрирано појава на природни скапоцени камења од повисок ранг.

Можно ли е Македонија да е единствено наоѓалиште на престижниот рубин во Европа? Прашање што со децении суптилно се провлекувало меѓу ентузијастите и познавачите на бесценети камења.

На таа тема, уште пред околу 100 – тина години истражувал германскиот геолог Ото Хајнрих Ернстмандорфер, кој непосредно по завршувањето на Првата светска војна издал неколку научни трудови во кои првпат се посочило дека во прилепскиот регион има регистрирано појава на минералот корунд.

„Корунд претставува кристална форма на алуминиум оксид. Во неа има и  траги од железо, титаниум или хром кои му даваат различни бои. Црвениот корунд се нарекува рубин“, објаснува Мице Тркалески, геолог од рудникот „Сивец“.

Податокот на Ернстмандорфер останал забележан во германските архиви, но не поттикнал интерес за понатамошно истражување во Македонија.

(Втор дел)

Tags: македонски рубинминералинакитрубин

Related Posts

Зошто никој не може да го пронајде гробот на Џингис Хан?
Теми

Зошто никој не може да го пронајде гробот на Џингис Хан?

December 2, 2021
Недоразбирање кое однесе 180 животи: Како се случи најголемата трагедија во историјата на авијацијата на екс ЈУ
Општество

Недоразбирање кое однесе 180 животи: Како се случи најголемата трагедија во историјата на авијацијата на екс ЈУ

December 2, 2021
Отровни габи во Македонија – Смртоносна Зелена Аманита
Медицина

Отровни габи во Македонија – Смртоносна Зелена Аманита

December 7, 2021
Следна статија
Сторија за МАКЕДОНСКИОТ РУБИН (втор дел)

Сторија за МАКЕДОНСКИОТ РУБИН (втор дел)

„Никој не е безбеден“: Екстремното време удри и врз богатиот запад

„Никој не е безбеден“: Екстремното време удри и врз богатиот запад

Што е Авогадров број?

Што е Авогадров број?

Препорачуваме

Обновливи извори на енергија: Што е БИОДИЗЕЛ, како се прави и кој би имал најголема корист од неговата употреба?

Обновливи извори на енергија: Што е БИОДИЗЕЛ, како се прави и кој би имал најголема корист од неговата употреба?

4 years ago
Нова КОВИД мутација, поотпорна на вакцини, можно да се создала кај пациенти со СИДА

Нова КОВИД мутација, поотпорна на вакцини, можно да се создала кај пациенти со СИДА

4 years ago
Пустината Атакама – најсувото место на светот

Пустината Атакама – најсувото место на светот

4 years ago
Кратка историја на ПИРАТСТВОТО, кој бил кој во суровиот свет на ГУСАРИТЕ

Кратка историја на ПИРАТСТВОТО, кој бил кој во суровиот свет на ГУСАРИТЕ

4 years ago

Пребарај според клучен збор

авион авионска несреќа адриа аманита археологија бензин брод вирус габи дедо мраз дизел екологија енергетика инки кит ковид компас корона крв маи македонски рубин месечина микологија моби дик монголија мотори мумија мутација напон нова година омикрон осека отров перу печурки плима рубин сонце струја топка фреквенција хакер цивилизација југославија џингис кан
No Result
View All Result

Интересно

Зошто човековиот врисок е толку страшен?

Отпечатоците од прст покажуваат и нешто повеќе од идентитетот

Може ли науката да го објасни животот после смртта?

Дали е можно навистина да се патува низ времето?

Тунгуска експлозија – Најнови откритија за мистеријата стара повеќе од еден век!

Актуелно

Медицина

Што ќе се случи ако испиеме крв ?

by Vlatko Stefanoski
October 6, 2025
0

Иако идејата за пиење крв е дел од безброј митови, реалноста е далеку поопасна отколку што замислувате....

БРОД ДУХ: Екипажот на МЕРИ СЕЛЕСТ исчезна засекогаш, а приказната за нив е една од најголемите мистерии во историјата на морепловството

БРОД ДУХ: Екипажот на МЕРИ СЕЛЕСТ исчезна засекогаш, а приказната за нив е една од најголемите мистерии во историјата на морепловството

December 12, 2021
Се пренесува преку MINECRAFT! Софтверска „грешка на деценијата“ се шири низ сајбер просторот, загрозените компјутери ширум светот

Се пренесува преку MINECRAFT! Софтверска „грешка на деценијата“ се шири низ сајбер просторот, загрозените компјутери ширум светот

December 11, 2021
Кратка историја на ПИРАТСТВОТО, кој бил кој во суровиот свет на ГУСАРИТЕ

Кратка историја на ПИРАТСТВОТО, кој бил кој во суровиот свет на ГУСАРИТЕ

December 10, 2021
Мумии со златен јазик пронајдени во Египет! Археолозите ја објаснија појавата

Мумии со златен јазик пронајдени во Египет! Археолозите ја објаснија појавата

December 9, 2021
НАУКА.мк

© 2021 Наука.мк - Сита права се задржани

Навигација

  • За нас
  • Маркетинг
  • Контакт

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • Home

© 2021 Наука.мк - Сита права се задржани

  • Македонски