НАУКА.мк
  • Универзум
  • Жив свет
  • Теми
  • Историја и археологија
  • Медицина
  • Новости
  • Општество
  • Технологија
  • Blockchain
  • IT Свет
No Result
View All Result
  • Универзум
  • Жив свет
  • Теми
  • Историја и археологија
  • Медицина
  • Новости
  • Општество
  • Технологија
  • Blockchain
  • IT Свет
No Result
View All Result
НАУКА.мк
No Result
View All Result
Home Медицина

Нова КОВИД мутација, поотпорна на вакцини, можно да се создала кај пациенти со СИДА

Dr. Quantum by Dr. Quantum
November 25, 2021
in Медицина
0
Нова КОВИД мутација, поотпорна на вакцини, можно да се создала кај пациенти со СИДА
0
Споделувања
195
Прегледи
Share on FacebookShare on Twitter

Британските научници предупредуваат на нова и поопасна варијанта на коронавирусот, која е поотпорна на вакцини од сите други варијанти на коронавирусот, пишува Дејли мејл. Како што се наведува во текстот, пронајдени се 32 мутации во шилестиот протеин на новиот B.1.1.529, од кои неколку истовремено го попречуваат дејството на антителата. Досега се идентификувани само 10 случаи на новата варијанта, а за првпат била вклучена во базата на податоци на 11 ноември.

Три случаи се откриени во Боцвана, шест во Јужноафриканската Република и уште еден во Хонг Конг, каде што вирусот е откриен кај маж кој пристигнал од Јужна Африка пред две недели.

Засега нема информации дека новата варијанта може да биде многу заразна и да се шири толку брзо како моментално доминантната – Делта.

Вирологот на Империјал колеџот, Том Пикок, е првиот што се јави на Твитер да обрне внимание на B.1.1.529. Според него, оваа варијанта на новиот коронавирус има „протеинска структура со навистина ужасен профил на мутација“.

„Неверојатно високиот број на мутации сугерира дека тоа може да биде причина за сериозна загриженост“, вели Пикок. Според него, новата верзија треба внимателно да се следи, иако бројот на откриени случаи досега е многу мал.

На истото мислење се и други британски експерти кои нагласуваат дека способноста на B.1.1.529 да се шири ќе игра клучна улога во одредувањето на потенцијалната опасност што ја претставува.

Професорот Франсоа Балу, генетичар на Универзитетскиот колеџ во Лондон, оценува дека веројатно оваа мутација ќе биде далеку поспособна да ги избегне антителата во споредба со Делта сојот.

„Засега треба внимателно да го следиме, но нема потреба за преголема загриженост, освен ако не почне забрзано да се шири. Многу показатели укажуваат дека најверојатно се појавиле во тек на долготрајна инфекција кај имунокомпромитирани пациенти, како што се оние со СИДА“, вели Балу.

Кај пациенти со ослабен имунолошки систем, инфекциите може да траат со месеци бидејќи телото не е во состојба да се избори со нив. Ова му дава време на вирусот да стекне мутации кои му овозможуваат да ја заобиколи одбраната на телото, додава Балу.

Tags: вирусковидкоронамутација

Related Posts

Медицина

Што ќе се случи ако испиеме крв ?

October 6, 2025
Студија: Дали сојот омикрон успешно го избегнува имунитетот стекнат со прележување на ковид
Медицина

Студија: Дали сојот омикрон успешно го избегнува имунитетот стекнат со прележување на ковид

December 3, 2021
Што утврди науката досега за мутацијата „ОМИКРОН“
Медицина

Што утврди науката досега за мутацијата „ОМИКРОН“

November 30, 2021
Следна статија
Дали е можно навистина да се патува низ времето?

Дали е можно навистина да се патува низ времето?

Може ли науката да го објасни животот после смртта?

Може ли науката да го објасни животот после смртта?

Колку ќе издржи најстарата батерија на светот ?

Колку ќе издржи најстарата батерија на светот ?

Препорачуваме

Целото тело ѝ е врзано со јажиња, а рацете ѝ го покриваат лицето: Во Перу пронајдена мумија од времето пред Инките

Целото тело ѝ е врзано со јажиња, а рацете ѝ го покриваат лицето: Во Перу пронајдена мумија од времето пред Инките

4 years ago
Точкасто езеро – едно од најмистериозните езера во светот

Точкасто езеро – едно од најмистериозните езера во светот

4 years ago
Може ли компјутерите да предизвикаат недостаток на енергија?

Може ли компјутерите да предизвикаат недостаток на енергија?

4 years ago
Центрифугалната сила ѝ пркоси на гравитацијата

Центрифугалната сила ѝ пркоси на гравитацијата

4 years ago

Пребарај според клучен збор

авион авионска несреќа адриа аманита археологија бензин брод вирус габи дедо мраз дизел екологија енергетика инки кит ковид компас корона крв маи македонски рубин месечина микологија моби дик монголија мотори мумија мутација напон нова година омикрон осека отров перу печурки плима рубин сонце струја топка фреквенција хакер цивилизација југославија џингис кан
No Result
View All Result

Интересно

Зошто човековиот врисок е толку страшен?

Отпечатоците од прст покажуваат и нешто повеќе од идентитетот

Може ли науката да го објасни животот после смртта?

Дали е можно навистина да се патува низ времето?

Тунгуска експлозија – Најнови откритија за мистеријата стара повеќе од еден век!

Актуелно

Медицина

Што ќе се случи ако испиеме крв ?

by Vlatko Stefanoski
October 6, 2025
0

Иако идејата за пиење крв е дел од безброј митови, реалноста е далеку поопасна отколку што замислувате....

БРОД ДУХ: Екипажот на МЕРИ СЕЛЕСТ исчезна засекогаш, а приказната за нив е една од најголемите мистерии во историјата на морепловството

БРОД ДУХ: Екипажот на МЕРИ СЕЛЕСТ исчезна засекогаш, а приказната за нив е една од најголемите мистерии во историјата на морепловството

December 12, 2021
Се пренесува преку MINECRAFT! Софтверска „грешка на деценијата“ се шири низ сајбер просторот, загрозените компјутери ширум светот

Се пренесува преку MINECRAFT! Софтверска „грешка на деценијата“ се шири низ сајбер просторот, загрозените компјутери ширум светот

December 11, 2021
Кратка историја на ПИРАТСТВОТО, кој бил кој во суровиот свет на ГУСАРИТЕ

Кратка историја на ПИРАТСТВОТО, кој бил кој во суровиот свет на ГУСАРИТЕ

December 10, 2021
Мумии со златен јазик пронајдени во Египет! Археолозите ја објаснија појавата

Мумии со златен јазик пронајдени во Египет! Археолозите ја објаснија појавата

December 9, 2021
НАУКА.мк

© 2021 Наука.мк - Сита права се задржани

Навигација

  • За нас
  • Маркетинг
  • Контакт

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • Home

© 2021 Наука.мк - Сита права се задржани

  • Македонски