НАУКА.мк
  • Универзум
  • Жив свет
  • Теми
  • Историја и археологија
  • Медицина
  • Новости
  • Општество
  • Технологија
  • Blockchain
  • IT Свет
No Result
View All Result
  • Универзум
  • Жив свет
  • Теми
  • Историја и археологија
  • Медицина
  • Новости
  • Општество
  • Технологија
  • Blockchain
  • IT Свет
No Result
View All Result
НАУКА.мк
No Result
View All Result
Home Зад огледалото

Може ли да се измери брзината на мислата?

Dr. Quantum by Dr. Quantum
November 27, 2021
in Зад огледалото
0
Може ли да се измери брзината на мислата?
0
Споделувања
68
Прегледи
Share on FacebookShare on Twitter

Како љубопитни суштества, постојано ја преиспитуваме и мериме брзината на различни нешта. Со прилична прецизност, научниците ја измерија брзината на светлината, брзината на звукот, брзината со која Земјата орбитира околу Сонцето итн. Но, што е со брзината на мислата? Се чини моментална, но за колку време таа се оформува?

Најпрво, за да се измери брзината на било што, треба да се идентификува неговиот почеток и крај. За таа цел, мислата ќе ја дефинираме како ментални активности кои започнуваат од моментот кога е примена сензорната информација, до моментот кога започнува одредена реакција. Па така, мислата ги вклучува процесите поврзани со перцепцијата (одредување на она што се наоѓа во средината, како и тоа каде се наоѓа), донесувањето на одлуки (одлучување што да се прави) и планирањето на постапките (како да се направи).

Идентификувањето на само една вредност за брзината на мислата е исто како да се обидуваме да идентификуваме една максимална брзина за сите форми на транспорт, од велосипеди до ракети. Постојат различни мисли кои може да варираат во однос на временската рамка. Земете ја на пример брзата реакција на тркачот кој започнува да трча веднаш по звукот на свирката или пиштолот (која се случува во текот на околу 150 милисекунди), во споредба со посложената одлука на возачот кој треба да ја смени лентата на автопатот (која се случува во текот на неколку секунди до неколку минути).

Мислите се невидливи, па што тогаш треба да измериме?

Мислата е внатрешен индивидуален процес кој тешко се набљудува. Се должи на интеракцијата меѓу сложените невронски мрежи дистрибуирани низ периферниот и централниот нервен систем. Научниците, со помош на функционална магнетна резонанца и електроенцефалографија, можат да видат кои делови од мозокот се активни за време на различни мисловни процеси, и како информацијата се движи низ нервниот систем. Но сепак, се’ уште не сме ни блиску до поврзувањето на тие сигнали со менталните настани што ги претставуваат.

Многу научници сметаат дека најдобрата мерка за брзината или ефикасноста на мислата е времето на реакција. Овој пристап има смисла бидејќи мислите се изразуваат со реакции, односно постапки. А на реакциите влијаат главно три фактори:

  • Растојанието – колку подалеку треба да патува сигналот, толку е подолго времето на реакција. На пример, времето на реакција на нозете е подолго отколку на рацете бидејќи сигналот што патува од и до мозокот треба да помине поголемо растојание.
  • Карактеристиките на невроните – сигналите се пренесуваат побрзо во пошироките неврони
  • Сложеноста – зголемувањето на бројот на неврони кои се вклучени во мислата значи поголемо апсолутно растојание кое сигналот треба да го помине, што пак значи подолго време на реакција. Покрај тоа, помеѓу повеќето неврони нема физички контакт, па сигналот се пренесува преку невротрансмитери (молекули) кои патуваат низ малите простори меѓу нервните клетки наречени синапси. За сето тоа е потребно повеќе време (најмалку 0,5 милисекунда по синапса).

Иако сме свесни за нашите мисли, како и за движењата односно реакциите кои резултираат од нив, забележана е разлика од 15 – 100 милисекунди во времето кога мислиме дека сме го започнале движењето и времето кога навистина сме го започнале. Не е јасно зошто ова се случува, но се смета дека луѓето најчесто сметаат дека го започнале движењето во моментот кога ја донеле одлуката.

Овие наоди покреваат важни прашања за планирањето и контролата на нашите реакции, бидејќи очигледно постои разлика помеѓу нашата одлука за реакција и нашата перцепција за почеток на реакцијата.

Иако не може да се одреди само една брзина на мислата, анализирањето на времето кое е потребно за да се испланираат и извршат постапките овозможува значаен увид во ефикасноста на нервниот систем.

Tags: брзинамисла

Related Posts

БРОД ДУХ: Екипажот на МЕРИ СЕЛЕСТ исчезна засекогаш, а приказната за нив е една од најголемите мистерии во историјата на морепловството
Зад огледалото

БРОД ДУХ: Екипажот на МЕРИ СЕЛЕСТ исчезна засекогаш, а приказната за нив е една од најголемите мистерии во историјата на морепловството

December 12, 2021
Што ќе се случи ако се напиете крв?
Зад огледалото

Што ќе се случи ако се напиете крв?

November 27, 2021
Зошто човековиот врисок е толку страшен?
Зад огледалото

Зошто човековиот врисок е толку страшен?

November 27, 2021
Следна статија
Центрифугалната сила ѝ пркоси на гравитацијата

Центрифугалната сила ѝ пркоси на гравитацијата

СЗО ги објави најновите сознанија и препораки за „Омикрон“

СЗО ги објави најновите сознанија и препораки за „Омикрон“

Што знаеме за мегалодонот? Вистината за најголемата ајкула што некогаш постоела

Што знаеме за мегалодонот? Вистината за најголемата ајкула што некогаш постоела

Препорачуваме

Лилјаците имаат сопствени сообраќајни правила

Лилјаците имаат сопствени сообраќајни правила

4 years ago
Што утврди науката досега за мутацијата „ОМИКРОН“

Што утврди науката досега за мутацијата „ОМИКРОН“

4 years ago
Кратка историја на ПИРАТСТВОТО, кој бил кој во суровиот свет на ГУСАРИТЕ

Кратка историја на ПИРАТСТВОТО, кој бил кој во суровиот свет на ГУСАРИТЕ

4 years ago
КОНКОРД – Како започна и зошто е приземјенa гордоста на суперсоничното патување

КОНКОРД – Како започна и зошто е приземјенa гордоста на суперсоничното патување

4 years ago

Пребарај според клучен збор

авион авионска несреќа адриа аманита археологија бензин брод вирус габи дедо мраз дизел екологија енергетика инки кит ковид компас корона крв маи македонски рубин месечина микологија моби дик монголија мотори мумија мутација напон нова година омикрон осека отров перу печурки плима рубин сонце струја топка фреквенција хакер цивилизација југославија џингис кан
No Result
View All Result

Интересно

Зошто човековиот врисок е толку страшен?

Отпечатоците од прст покажуваат и нешто повеќе од идентитетот

Може ли науката да го објасни животот после смртта?

Дали е можно навистина да се патува низ времето?

Тунгуска експлозија – Најнови откритија за мистеријата стара повеќе од еден век!

Актуелно

Медицина

Што ќе се случи ако испиеме крв ?

by Vlatko Stefanoski
October 6, 2025
0

Иако идејата за пиење крв е дел од безброј митови, реалноста е далеку поопасна отколку што замислувате....

БРОД ДУХ: Екипажот на МЕРИ СЕЛЕСТ исчезна засекогаш, а приказната за нив е една од најголемите мистерии во историјата на морепловството

БРОД ДУХ: Екипажот на МЕРИ СЕЛЕСТ исчезна засекогаш, а приказната за нив е една од најголемите мистерии во историјата на морепловството

December 12, 2021
Се пренесува преку MINECRAFT! Софтверска „грешка на деценијата“ се шири низ сајбер просторот, загрозените компјутери ширум светот

Се пренесува преку MINECRAFT! Софтверска „грешка на деценијата“ се шири низ сајбер просторот, загрозените компјутери ширум светот

December 11, 2021
Кратка историја на ПИРАТСТВОТО, кој бил кој во суровиот свет на ГУСАРИТЕ

Кратка историја на ПИРАТСТВОТО, кој бил кој во суровиот свет на ГУСАРИТЕ

December 10, 2021
Мумии со златен јазик пронајдени во Египет! Археолозите ја објаснија појавата

Мумии со златен јазик пронајдени во Египет! Археолозите ја објаснија појавата

December 9, 2021
НАУКА.мк

© 2021 Наука.мк - Сита права се задржани

Навигација

  • За нас
  • Маркетинг
  • Контакт

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • Home

© 2021 Наука.мк - Сита права се задржани

  • Македонски