НАУКА.мк
  • Универзум
  • Жив свет
  • Теми
  • Историја и археологија
  • Медицина
  • Новости
  • Општество
  • Технологија
  • Blockchain
  • IT Свет
No Result
View All Result
  • Универзум
  • Жив свет
  • Теми
  • Историја и археологија
  • Медицина
  • Новости
  • Општество
  • Технологија
  • Blockchain
  • IT Свет
No Result
View All Result
НАУКА.мк
No Result
View All Result
Home Зад огледалото

Зошто човековиот врисок е толку страшен?

Dr. Quantum by Dr. Quantum
November 27, 2021
in Зад огледалото, Светот околу нас
0
Зошто човековиот врисок е толку страшен?
0
Споделувања
95
Прегледи
Share on FacebookShare on Twitter

Врисоците имаат посебна акустична функција што ни го привлекува вниманието и директно ни го активира центарот за страв во мозокот. Единствените други звуци коишто ја имаат оваа карактеристика се произведените звуци како што се алармите за натрапници.

Врисокот е еден од најпримитивните звуци што ги правиме. Тој ги предупредува другите за опасност и сигнализира дека ни треба помош, па затоа треба да биде специфичен.

Да се биде гласен или пискав не е доволно за да се издвоите од толпата на секојдневни звуци, вели Дејвид Попел од Универзитетот во Њујорк. Неговиот тим откри дека врисоците се посебни бидејќи имаат една карактеристика наречена грубост.

Акустично, тоа значи дека нивната фреквенција варира помеѓу 30 до 150 херци – побрзо од говорот, но побавно од некој звук со јасна висина. За нас, ова значи само дека тие звучат грубо и непријатно.

Другите видови на звуци што истражувачите ги анализирале – музички инструменти, пеење и реченици изговорени на 3 различни јазици, ја немале оваа карактеристика.

„Досега, претпоставувавме дека грубоста не се користи во човековата комуникација, но се чини дека е дел од акустичниот спектар резервиран за врисоците, правејќи ги јасен аларм“, вели Попел.

Директен пат до стравот

Не само природните аларми ја имаат таа грубост. Тимот бил изненаден што открил дека единствените други звуци кои ја имаат оваа карактеристика се произведените сирени како што се алармите на автомобилите и куќите.

Се чини дека дизајнерите на аларми случајно ја искористиле истата акустична карактеристика што ни го привлекува вниманието кај врискањето. Оптимизирањето на грубоста би можело да биде начин за подесување на  алармите за да бидат што поефикасни.

Искористувајќи ги врисоците собрани од интернет и од други исплашени волонтери, тимот на Попел вештачки ја управувал грубоста на звуците и потоа им ја пуштил на волонтерите да ја слуштат. Колку што била погруба вревата, толку повеќе звучела на врисок и толку повеќе слушателите ја сметале за пострашна.

Со скенирање на мозокот на луѓето додека тие слушале различни звуци, истражувачите откриле дека погрубите звуци, кои се исти по висина и јачина, го зголемуваат активирањето на амигдалата, центарот за страв во мозокот, без да ја променат активацијата на аудитивниот кортекс, каде што се обработува звукот. Ова укажува на тоа дека грубите звуци селективно го активираат делот во мозокот којшто е одговорен за стравот, обезбедувајќи им можеби директен пат на врисоците за да влијаат на однесувањето.

Создавањето на врисок

Човековите врисоци се многу малку проучени, вели Харолд  Гоузулес од Универзитетот Емори во Атланата, Џорџија. Истражувањата на Попел имаат значаен придонес за основното дефинирање на врисоците, додава тој.

Подоброто разбирање на создавањето и функционирањето на врисоците би ни помогнало да ги разбереме подобро нарушувањата кои вклучуваат врискање, како што е деменцијата, бидејќи е доста предизвикувачко однесување со кое се соочуваат негувателите.

Сукбиндер Кумар и Тимоти Грифитс од Универзитетот во Њукасл, Велика Британија, открија дека други непријатни звуци како што е гребењето со нокти по табла, исто така ја активира амигдалата. Кумар изјави дека се заинтересирани да откријат и дали грубоста е карактеристична за звукот кој се добива со стегање на забите.

„Врисоците се интересни за проучување бидејќи се насекаде, тие се универзални и се првото нешто што некој го прави“, вели Попел. Неговото следно истражување е да открие дали плачот на бебињата, којшто го привлекува вниманието повеќе отколку врисокот на возрасните, е уште погруб.

Истражувањето е објавено во „Current Biology“.

Tags: врисокстрав

Related Posts

БРОД ДУХ: Екипажот на МЕРИ СЕЛЕСТ исчезна засекогаш, а приказната за нив е една од најголемите мистерии во историјата на морепловството
Зад огледалото

БРОД ДУХ: Екипажот на МЕРИ СЕЛЕСТ исчезна засекогаш, а приказната за нив е една од најголемите мистерии во историјата на морепловството

December 12, 2021
МАГЛА УБИЕЦ – Мистериозна појава што однела 12.000 животи
Светот околу нас

МАГЛА УБИЕЦ – Мистериозна појава што однела 12.000 животи

December 3, 2021
Точкасто езеро – едно од најмистериозните езера во светот
Светот околу нас

Точкасто езеро – едно од најмистериозните езера во светот

December 3, 2021
Следна статија
Што ќе се случи ако се напиете крв?

Што ќе се случи ако се напиете крв?

Што е разликата помеѓу ураган, тајфун и циклон?

Што е разликата помеѓу ураган, тајфун и циклон?

Може ли да се измери брзината на мислата?

Може ли да се измери брзината на мислата?

Препорачуваме

Зошто атмосферата на Сонцето е пожешка од самото Сонце?

Зошто атмосферата на Сонцето е пожешка од самото Сонце?

2 years ago
Што утврди науката досега за мутацијата „ОМИКРОН“

Што утврди науката досега за мутацијата „ОМИКРОН“

2 years ago
Што е разликата помеѓу ураган, тајфун и циклон?

Што е разликата помеѓу ураган, тајфун и циклон?

2 years ago
Може ли да се измери брзината на мислата?

Може ли да се измери брзината на мислата?

2 years ago

Пребарај според клучен збор

авион авионска несреќа адриа аманита археологија бензин брод вирус габи дедо мраз дизел египет екологија енергетика инки ковид компас корона крв лилјак маи македонски рубин месечина микологија моби дик монголија мотори мумија мутација напон нова година омикрон отров палеонтологија перу печурки рубин сонце струја топка фреквенција цивилизација црнобрадиот југославија џингис кан
No Result
View All Result

Интересно

Зошто човековиот врисок е толку страшен?

Отпечатоците од прст покажуваат и нешто повеќе од идентитетот

Може ли науката да го објасни животот после смртта?

Дали е можно навистина да се патува низ времето?

Тунгуска експлозија – Најнови откритија за мистеријата стара повеќе од еден век!

Актуелно

БРОД ДУХ: Екипажот на МЕРИ СЕЛЕСТ исчезна засекогаш, а приказната за нив е една од најголемите мистерии во историјата на морепловството
Зад огледалото

БРОД ДУХ: Екипажот на МЕРИ СЕЛЕСТ исчезна засекогаш, а приказната за нив е една од најголемите мистерии во историјата на морепловството

by Dr. Quantum
December 12, 2021
0

Денот е 4 декември 1872 година. Екипажот на британскиот брод „Dei Gratia“ е малку изненаден од глетката....

Се пренесува преку MINECRAFT! Софтверска „грешка на деценијата“ се шири низ сајбер просторот, загрозените компјутери ширум светот

Се пренесува преку MINECRAFT! Софтверска „грешка на деценијата“ се шири низ сајбер просторот, загрозените компјутери ширум светот

December 11, 2021
Кратка историја на ПИРАТСТВОТО, кој бил кој во суровиот свет на ГУСАРИТЕ

Кратка историја на ПИРАТСТВОТО, кој бил кој во суровиот свет на ГУСАРИТЕ

December 10, 2021
Мумии со златен јазик пронајдени во Египет! Археолозите ја објаснија појавата

Мумии со златен јазик пронајдени во Египет! Археолозите ја објаснија појавата

December 9, 2021
МАГЛА УБИЕЦ – Мистериозна појава што однела 12.000 животи

МАГЛА УБИЕЦ – Мистериозна појава што однела 12.000 животи

December 3, 2021
НАУКА.мк

© 2021 Наука.мк - Сита права се задржани

Навигација

  • За нас
  • Маркетинг
  • Контакт

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • Home

© 2021 Наука.мк - Сита права се задржани