НАУКА.мк
  • Универзум
  • Жив свет
  • Теми
  • Историја и археологија
  • Медицина
  • Новости
  • Општество
  • Технологија
  • Blockchain
  • IT Свет
No Result
View All Result
  • Универзум
  • Жив свет
  • Теми
  • Историја и археологија
  • Медицина
  • Новости
  • Општество
  • Технологија
  • Blockchain
  • IT Свет
No Result
View All Result
НАУКА.мк
No Result
View All Result
Home Историја и археологија

ГЛАДИЈАТОРИ – Подемот и падот на „Законот на крвта и канџите“

Dr. Quantum by Dr. Quantum
November 24, 2021
in Историја и археологија
0
ГЛАДИЈАТОРИ – Подемот и падот на „Законот на крвта и канџите“
0
Споделувања
40
Прегледи
Share on FacebookShare on Twitter

Воинствените племиња, Самнити, од областа на денешна јужна Италија околу 290 п.н.е. станале дел од Римската Република, а со нив во Рим пристигнал сосема нов обичај – гладијаторски борби.

Кај Самнитите, гладијаторите биле дел од погребните обреди. Гладијаторските борби во Рим првпат се одржале во 264 п.н.е. на погребот на децата на Јуниј Брут, кога настапиле три пара гладијатори.

„Популарноста на крвавите битки расте, судејќи според фактот дека педесет години подоцна, погребната церемонија на Емили Лепидус е зголемена на 44 гладијатори“, пишува во книгата „Игри на Олимпија“ (Book Time, 1996).

Како што се наведува во делото, римската аристократија на почетокот била резервирана за вакви спектакли, за разлика од обичните граѓани. Затоа гладијаторските борби со векови биле само дел од јавните игри и за нив не биле градени посебни амфитеатри.

Во текот на следните децении, улогата на ритуалите со гладијаторите постепено исчезнала – погребите станале банкети на кои им се делело храна на граѓаните, а игрите и борбите на десетици гладијатори траеле со денови.

Цезар, на пример, веднаш по доаѓањето на власт, делумно и по повод смртта на неговиот татко (што се случила 20 години претходно), организирал борба на 320 гладијатори облечени во сребрен оклоп. Трајан ја славел победата над Дакијците 123 дена, а во битките учествувале 10.000 гладијатори и угинале 11.000 животни.

„Гладијаторите биле обучени да се борат во специјални училишта раководени од богати поединци или професионални менаџери: во првиот случај, тие можело да бидат лица кои стекнале политичко влијание преку организирање борби, во вториот, тие биле посредници кои обезбедувале гладијатори да настапуваат на јавни игри“, се наведува во ‘Игри на Олимпија’, посочувајќи дека услугите на таканаречените ланисти, учители на борбата, обично биле скапи.

Гладијаторите напорно тренирале во училиштата. Имале посебен режим на исхрана под надзор на лекар, потоа масажи, третмани во топли и ладни бањи, биле богато наградувани, но во исто време живееле благодарение на милоста на сопственикот на училиштето кој имал право да ги убие. Постоела хиерархија меѓу гладијаторите, која вклучувала различни оружја – мечеви, мрежи, ками, ласо и сл.

Борбата завршувала со смрт, освен ако публиката – неколку десетици, до неколку стотици илјади луѓе, не одлучеле губитникот да биде поштеден. Познатите гладијатори се славеле како храбри спортисти, но подоцна станале и политички фактор. Затоа многу римски владетели сакале да се испробаат на арената, се разбира со сите мерки на претпазливост, па не е забележано дека на некој од нив нешто лошо му се случило во таа прилика. Најфанатичен во тоа бил омразениот Комод, синот на Маркус Аурелиј, кој редовно глумел гладијатор, а наводно го предизвикал страшниот гнев кај луѓето кога за само еден ден од безбедно растојание убил 100 лава.

Во времето на Цезар, Сенатот го ограничил бројот на гладијатори кои поединците можеле да ги држат токму затоа што тогашното востание на робовите предводено од Спартак, кое не можело да се задуши две години, започнало во гладијаторското училиште во Капуа.

Гладијаторските борби се организирале со векови, но со подемот на христијанството тие го губат својот сјај и значење. Во 325 година, Константин Велики забранил борби и одлучил дека во иднина, оние што поради казна требало да настапат во арената, да бидат испратени во рудниците, каде што ќе ги платат своите злосторства без да пролеат крв.

Меѓутоа, самата забрана не била крајот на гладијаторите. Монахот Алмахиј (Свети Телемах) бил каменуван до смрт, од толпа во римски амфитеатар, во обид да ја спречи борбата со гладијаторите. Овој настан бил причина императорот Хонориј повторно да ги забрани гладијаторите, а по него истото го направил и Валентин III. Со распаѓањето на Западното Римско Царство, оваа крвава традиција конечно исчезнала.

Tags: аренагладијаториколосеум

Related Posts

Кратка историја на ПИРАТСТВОТО, кој бил кој во суровиот свет на ГУСАРИТЕ
Историја и археологија

Кратка историја на ПИРАТСТВОТО, кој бил кој во суровиот свет на ГУСАРИТЕ

December 10, 2021
Мумии со златен јазик пронајдени во Египет! Археолозите ја објаснија појавата
Историја и археологија

Мумии со златен јазик пронајдени во Египет! Археолозите ја објаснија појавата

December 9, 2021
Целото тело ѝ е врзано со јажиња, а рацете ѝ го покриваат лицето: Во Перу пронајдена мумија од времето пред Инките
Историја и археологија

Целото тело ѝ е врзано со јажиња, а рацете ѝ го покриваат лицето: Во Перу пронајдена мумија од времето пред Инките

November 29, 2021
Следна статија
КОНКОРД – Како започна и зошто е приземјенa гордоста на суперсоничното патување

КОНКОРД - Како започна и зошто е приземјенa гордоста на суперсоничното патување

Тунгуска експлозија – Најнови откритија за мистеријата стара повеќе од еден век!

Тунгуска експлозија – Најнови откритија за мистеријата стара повеќе од еден век!

Нова КОВИД мутација, поотпорна на вакцини, можно да се создала кај пациенти со СИДА

Нова КОВИД мутација, поотпорна на вакцини, можно да се создала кај пациенти со СИДА

Препорачуваме

Сторија за МАКЕДОНСКИОТ РУБИН (втор дел)

Сторија за МАКЕДОНСКИОТ РУБИН (втор дел)

4 years ago
Нова КОВИД мутација, поотпорна на вакцини, можно да се создала кај пациенти со СИДА

Нова КОВИД мутација, поотпорна на вакцини, можно да се создала кај пациенти со СИДА

4 years ago
Што знаеме за мегалодонот? Вистината за најголемата ајкула што некогаш постоела

Што знаеме за мегалодонот? Вистината за најголемата ајкула што некогаш постоела

4 years ago
Може ли да се измери брзината на мислата?

Може ли да се измери брзината на мислата?

4 years ago

Пребарај според клучен збор

авион авионска несреќа адриа аманита археологија бензин брод вирус габи дедо мраз дизел екологија енергетика инки кит ковид компас корона крв маи македонски рубин месечина микологија моби дик монголија мотори мумија мутација напон нова година омикрон осека отров перу печурки плима рубин сонце струја топка фреквенција хакер цивилизација југославија џингис кан
No Result
View All Result

Интересно

Зошто човековиот врисок е толку страшен?

Отпечатоците од прст покажуваат и нешто повеќе од идентитетот

Може ли науката да го објасни животот после смртта?

Дали е можно навистина да се патува низ времето?

Тунгуска експлозија – Најнови откритија за мистеријата стара повеќе од еден век!

Актуелно

Медицина

Што ќе се случи ако испиеме крв ?

by Vlatko Stefanoski
October 6, 2025
0

Иако идејата за пиење крв е дел од безброј митови, реалноста е далеку поопасна отколку што замислувате....

БРОД ДУХ: Екипажот на МЕРИ СЕЛЕСТ исчезна засекогаш, а приказната за нив е една од најголемите мистерии во историјата на морепловството

БРОД ДУХ: Екипажот на МЕРИ СЕЛЕСТ исчезна засекогаш, а приказната за нив е една од најголемите мистерии во историјата на морепловството

December 12, 2021
Се пренесува преку MINECRAFT! Софтверска „грешка на деценијата“ се шири низ сајбер просторот, загрозените компјутери ширум светот

Се пренесува преку MINECRAFT! Софтверска „грешка на деценијата“ се шири низ сајбер просторот, загрозените компјутери ширум светот

December 11, 2021
Кратка историја на ПИРАТСТВОТО, кој бил кој во суровиот свет на ГУСАРИТЕ

Кратка историја на ПИРАТСТВОТО, кој бил кој во суровиот свет на ГУСАРИТЕ

December 10, 2021
Мумии со златен јазик пронајдени во Египет! Археолозите ја објаснија појавата

Мумии со златен јазик пронајдени во Египет! Археолозите ја објаснија појавата

December 9, 2021
НАУКА.мк

© 2021 Наука.мк - Сита права се задржани

Навигација

  • За нас
  • Маркетинг
  • Контакт

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • Home

© 2021 Наука.мк - Сита права се задржани

  • English