НАУКА.мк
  • Универзум
  • Жив свет
  • Теми
  • Историја и археологија
  • Медицина
  • Новости
  • Општество
  • Технологија
  • Blockchain
  • IT Свет
No Result
View All Result
  • Универзум
  • Жив свет
  • Теми
  • Историја и археологија
  • Медицина
  • Новости
  • Општество
  • Технологија
  • Blockchain
  • IT Свет
No Result
View All Result
НАУКА.мк
No Result
View All Result
Home Светот околу нас

„Никој не е безбеден“: Екстремното време удри и врз богатиот запад

Dr. Quantum by Dr. Quantum
December 7, 2021
in Светот околу нас, Теми
0
„Никој не е безбеден“: Екстремното време удри и врз богатиот запад
0
Споделувања
7
Прегледи
Share on FacebookShare on Twitter

Некои од најбогатите европски земји деновиве се соочуваат со страотни поплави откако повеќе реки поради обилните врнежи се излеаја од своите ккорита. Најкритично е во Германија и Белгија, каде некои градови останаа потопени, а водената стихија превртуваше автомобили и корнеше дрвја.

Само неколку дена претходно во северозападниот дел на Соединетите Држави, регион познат по своето ладно и магливо време, го погоди екстремен топлотен бран од кој починаа стотици лица. Во Канада, големите пожари цело село збришаа од лицето на земјата, а Москва едвај се справува со рекордните високи температури. И овој викенд северните региони на Карпестите Планини се подготвуваат за уште еден топлотен бран, откако големи пожари се проширија низ 12 држави на американскиот Запад.

Екстремните временски непогоди низ Европа и Северна Америка изнесоа на виделина два суштински факта од науката и историјата: Светот како целина ниту е подготвен да ги забави климатските промени, ниту пак, да живее со нив.

Последниве катастрофи опустошија некои од најбогатите нации во светот, а се испровоцирани по повеќе од еден век интензивната експлоатација и горење на јаглен, нафта и гас – активности што испуштаат стакленички гасови во атмосферата и предизвикуваат загревање на планетата.

„Ова го велам како Германец: Идејата дека може да се умре од временски услови ни е потполно непозната“, рече Фридерике Ото, физичар од Универзитетот во Оксфорд, кој ги проучува врските помеѓу екстремните временски услови и климатските промени.

Во поплавите што деновиве ја зафатија Европа загинаа најмалку 165 лица, повеќето од нив во Германија, најмоќната економија во Европа. Таму, како и во Белгија и Холандија, стотици се пријавени како исчезнати, што сугерира дека бројот на жртвите би можело да се зголеми. Сега се поставуваат прашања за тоа дали властите соодветно ја предупредија јавноста за опасноста.

Поважното прашање е дали зголемените катастрофи во развиениот свет ќе зависат од тоа што ќе направат највлијателните светски земји и компании за да ги намалат сопствените емисии на гасови што ја затоплуваат планета.

Временските неприлики се случуваат на неколку месеци пред Самитот за климата предводен од Обединетите нации во Глазгов во ноември, момент на вистината дали нациите во светот ќе можат да се договорат за начините како да се избегнат најлошите ефекти од климатските промени.

Катастрофите интензивирани со глобалното затоплување оставија голем број смртни случаи и материјални загуби и во поголемиот дел од светот во развој, уништувајќи ги потполно посевите во Бангладеш, срамнувајќи со земја села во Хондурас и заканувајќи се на постоењето на малите островски држави.

Тајфунот Хаијан ги уништи Филипините во пресрет на разговорите за климата во 2013 година, што ги поттикна претставниците на земјите во развој да извршат притисок за финансирање за да се справат со загубите и штетите од катастрофите предизвикани од климатските промени, за кои тие не беа воопшто одговорни. Тоа беше одбиено од побогатите земји, вклучувајќи ги Соединетите држави и Европа.

„Екстремните временски услови во земјите во развој честопати предизвикуваат голема смртност и уништување и на нив се гледа како на наша одговорност, а не како на повеќе од сто години емисии на стакленички гасови емитирани од индустриските земји“, рече Улка Келкар, директор за клима во индиската канцеларија на Институтот за светски ресурси. Овие интензивирани катастрофи што сега ги погодуваат побогатите земји, додава таа, покажуваат дека земјите во развој кои бараат помош од светот за борба против климатските промени „не плачеле за џабе“.

Но, дури и по постигнувањето Парискиот договор во 2015 година, со цел да се спречат најлошите ефекти од климатските промени, глобалните емисии постојано се зголемуваат. Кина е најголемиот емитер во светот денес. Емисиите иако опаѓаат и во САД и во Европа, тие го немаат потребното темпо за ограничување на порастот на температурата во светот.

Потсетување дека никој не безбеден пристигна од Мохамед Нашид, поранешниот претседател на Малдивите, островска држава со голем ризик од покачување на нивото на морето.

„Иако не се погодени сите подеднакво, овој трагичен настан е потсетник дека во вакви климатски услови никој не е безбеден, без разлика дали живее во мала островска земја како мојата или во развиена западноевропска држава“, рече г. Нашид во изјава во име на група земји кои се нарекуваат „Кризен Климатски форум“.

Жестокоста на овие катастрофи, како и нивниот тајминг се истакнува токму пред престојните  разговори во Глазгов, каде присутните ќе се обидат да постигнат договор за борба против климатските промени. Светот досега има лош учинок во соработката на таа тема, а овој месец се појавија и нови дипломатски тензии.

Европската комисија минатата недела ја воведе најамбициозната мапа на патот за промени. Предложи воведување на закони за забрана за продажба на бензински и дизел автомобили од 2035 година, се бара од повеќето индустрии да плаќаат за емисиите што ги произведуваат и најзначајно, да се воведе данок на увозот од земји кои имаат помалку строги климатски политики.

Но, кон овие предлози се очекува да се поднесат силни приговори и од внатрешноста на Европа и од други земји чии деловни активности може да бидат загрозени од предложените мерки, што би можело дополнително да ги компликува изгледите за глобална соработка во Глазгов.

Настаните од ова лето доаѓаат по децениско запоставување на науката. Климатските модели предупредуваат на уништувачкото влијание на зголемувањето на температурите. Исцрпната научна проценка во 2018 година предупреди дека неуспехот да се задржи просечната глобална температура од пораст од 1,5 Целзиусови степени, во споредба со почетокот на индустриската ера, може да донесе катастрофални резултати, од поплавување на крајбрежните градови до неуспеси на посевите во различни делови на светот.

Извештајот им понуди на светските лидери практичен, иако тесен излез од хаосот. Потребно беше светот како целина да ги преполови емисиите до 2030 година. Оттогаш, сепак, глобалните емисии продолжуваат да растат, толку многу што глобалната просечна температура се зголеми за повеќе од 1 степен Целзиусов од 1880 година, со што се стеснува патеката да се задржи зголемувањето под прагот од 1,5 степени.

Како што се зголемува просечната температура, таа ја зголемува фреквенцијата и интензитетот на екстремните временски прилики воопшто. Во последниве години, научните достигнувања го утврдија степенот до кој климатските промени се одговорни за некои специфични настани.

На пример, д-р Ото и тим меѓународни истражувачи заклучија дека екстремниот топлотен бран во северозападниот дел на САД кон крајот на јуни скоро сигурно немаше да се случи ако не беше глобалното затоплување.

Извор: Њујорк тајмс

Tags: глобално затоплувањеекологијаживотна средина

Related Posts

МАГЛА УБИЕЦ – Мистериозна појава што однела 12.000 животи
Светот околу нас

МАГЛА УБИЕЦ – Мистериозна појава што однела 12.000 животи

December 3, 2021
Точкасто езеро – едно од најмистериозните езера во светот
Светот околу нас

Точкасто езеро – едно од најмистериозните езера во светот

December 3, 2021
А, што е со Сонцето? Дали само Месечината влијае врз плимата и осеката?
Светот околу нас

А, што е со Сонцето? Дали само Месечината влијае врз плимата и осеката?

March 27, 2023
Следна статија
Што е Авогадров број?

Што е Авогадров број?

ГЛАДИЈАТОРИ – Подемот и падот на „Законот на крвта и канџите“

ГЛАДИЈАТОРИ - Подемот и падот на „Законот на крвта и канџите“

КОНКОРД – Како започна и зошто е приземјенa гордоста на суперсоничното патување

КОНКОРД - Како започна и зошто е приземјенa гордоста на суперсоничното патување

Препорачуваме

Обновливи извори на енергија: Што е БИОДИЗЕЛ, како се прави и кој би имал најголема корист од неговата употреба?

Обновливи извори на енергија: Што е БИОДИЗЕЛ, како се прави и кој би имал најголема корист од неговата употреба?

4 years ago
КОНКОРД – Како започна и зошто е приземјенa гордоста на суперсоничното патување

КОНКОРД – Како започна и зошто е приземјенa гордоста на суперсоничното патување

4 years ago
Што утврди науката досега за мутацијата „ОМИКРОН“

Што утврди науката досега за мутацијата „ОМИКРОН“

4 years ago
Зошто никој не може да го пронајде гробот на Џингис Хан?

Зошто никој не може да го пронајде гробот на Џингис Хан?

4 years ago

Пребарај според клучен збор

авион авионска несреќа адриа аманита археологија бензин брод вирус габи дедо мраз дизел екологија енергетика инки кит ковид компас корона крв маи македонски рубин месечина микологија моби дик монголија мотори мумија мутација напон нова година омикрон осека отров перу печурки плима рубин сонце струја топка фреквенција хакер цивилизација југославија џингис кан
No Result
View All Result

Интересно

Зошто човековиот врисок е толку страшен?

Отпечатоците од прст покажуваат и нешто повеќе од идентитетот

Може ли науката да го објасни животот после смртта?

Дали е можно навистина да се патува низ времето?

Тунгуска експлозија – Најнови откритија за мистеријата стара повеќе од еден век!

Актуелно

Медицина

Што ќе се случи ако испиеме крв ?

by Vlatko Stefanoski
October 6, 2025
0

Иако идејата за пиење крв е дел од безброј митови, реалноста е далеку поопасна отколку што замислувате....

БРОД ДУХ: Екипажот на МЕРИ СЕЛЕСТ исчезна засекогаш, а приказната за нив е една од најголемите мистерии во историјата на морепловството

БРОД ДУХ: Екипажот на МЕРИ СЕЛЕСТ исчезна засекогаш, а приказната за нив е една од најголемите мистерии во историјата на морепловството

December 12, 2021
Се пренесува преку MINECRAFT! Софтверска „грешка на деценијата“ се шири низ сајбер просторот, загрозените компјутери ширум светот

Се пренесува преку MINECRAFT! Софтверска „грешка на деценијата“ се шири низ сајбер просторот, загрозените компјутери ширум светот

December 11, 2021
Кратка историја на ПИРАТСТВОТО, кој бил кој во суровиот свет на ГУСАРИТЕ

Кратка историја на ПИРАТСТВОТО, кој бил кој во суровиот свет на ГУСАРИТЕ

December 10, 2021
Мумии со златен јазик пронајдени во Египет! Археолозите ја објаснија појавата

Мумии со златен јазик пронајдени во Египет! Археолозите ја објаснија појавата

December 9, 2021
НАУКА.мк

© 2021 Наука.мк - Сита права се задржани

Навигација

  • За нас
  • Маркетинг
  • Контакт

Следете нѐ и на:

No Result
View All Result
  • Home

© 2021 Наука.мк - Сита права се задржани

  • English